Среќно, Рајо Ваљекано успеа да ги освои сите три бода на мечот со најслабиот тим засега во Ла Лига, екипата на Елче. Со гол во претпоследната минута од дополнителните 6 минути за игра, Рајо Ваљекано на крајот ја прослави третата победа оваа сезона која го носи во „златната средина“ на табелата.
Фудбалерите на Елче поведоа по една лоша проценка на Димитриевски на нафрлена топка од корнер. Нашиот репрезентативен голман не успеа да ја избоксува топката од својот шеснаесетник, а на втората статива ја дочека Боје кој во 32. минута го донесе Елче во водство од 1:0.
Домашните успеаја до крајот на првиот дел да се вратат во егал. Со голот на Камељо во 40. минута израмнија на 1:1, но до крајот на мечот и покрај доминацијата, не успеаја да постигнат гол за победа.