Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на 1/8 финалните мечеви во Купот на Македонија. Овие натпревари се играат во среда со почеток од 14 часот, само дуелот меѓу Победа и Македонија ЃП се игра на 19 октомври поради настапот на младата екипа на Победа во младинската лига на шампиони во среда против Колерајн.
Дербито се игра во Струга, во кое се среќаваат Струга ТЛ и Работнички, а него ќе го суди Крумислав Ѓорѓиев од Штип. Додека во Кавадарци ќе имаме уште еден прволигашки дуел и тоа меѓу Тиквеш и Силекс. Овој меч ќе го суди Марјан Младеновски од Скопје.
1/8 ФИНАЛЕ, ДВОЈКИ И СУДИИ – СРЕДА (14 Ч)
Струга ТЛ – Работнички: Крумислав Ѓорѓиев (Штип)
Брегалница – Пелистер: Кирил Смоквоски (Прилеп)
Вардар – Фортуна: Александар Урошевиќ (Тетово)
А.Пандев – Љуботен: Христијан Божиновски (Скопје)
Шкупи – Воска: Димитар Пилешков (Штип)
Шкендија – Скопје: Благојче Ралевски (Битола)
Тиквеш – Силекс: Марјан Младеновски (Скопје)
19.10.2022 (14 ч):
Победа – Македонија ЃП: Јован Качевски (Струга)