ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Милан Илиевски (Работнички)

190

 

Какво деби на клупата на Работнички за Милан Илиевски? Одлично, фантастично секако. Во својот прв меч како стратег на тимот да имаш тешко гостување во Штип, кај Брегалница, и на тој меч да победиш со 3:1 секако дека не е мала работа. Илиевски тренерски му се спротистави на својот некогаше учител Илчо Ѓорѓиоски, кога и двајцата беа во Македонија ЃП и Вардар, кога освојуваа титули, едниот како играч а вториот како тренер.

Илиевски без сомневање го надмудри својот некогашен учител, неговиот тим убедливо победи и затоа Милан Илиевски без конкуренција е тренер на 9.коло во ПМФЛ.

ПретходноАлегри: Тешко беше да се поверува дека конечно победивме
СледноПуштени билетите за мечот со Партизан – навивачите со клупски обележја во посебни сектори