Најпријатното изненадување во Серија А сезонава, Удинезе, ја оствари и шестата сезонска победа, откако во судиското продолжение направи целосен пресврт за триумф од 2:1 против екипата на Верона.
Со голот на Доиг, Верона поведе во 23. минута и предноста ја задржа до крајот на првото полувреме. Гостите се обидуваа да израмнат по секоја цена, а резултат на упорноста даде голот на Бето во 70. минута.
За комплетен пресврт се погрижи словенецот Јака Бијол, кој со одличен удар со глава во 92. минута го донесе Удинезе до победа и пласман на 3. место на табелата.
Нашиот повремен репрезентативец Илија Несторовски и на овој меч беше на клупата за резерви кај гостите. Тренерот Сотил му даде шанса да ги одигра само последните 10-тина минути.
Standings provided by Sofascore