Капитенот на Милан Давиде Калабрија нема да игра до крајот на годината, а тоа стана јасно кога излегоа резултатите од прегледите на дефанзивецот. Калабрија заработи повреда на мечот со Емполи и беше изнесен на носилки. Десниот бек има скинати мускулни влакна на десниот бутен мускул.
Слична повреда има и Алексис Салесмакерс. И тој се повреди на мечот со Емполи и ќе паузира извесно време. Проблемот со Симон Кјер не е посериозен и тој ќе се врати за две-три недели.
Со тоа Стефано Пиоли нема здрав десен бек (повредени се Калабрија и Флоренци) и десно крило (повредени Салесмакерс и неговата замена Месиас).
Во аут се уште Ибрахимовиќ, Мањан, Тео Хернандез. Добро е што Ориги се враќа на терен откако го одработи во целост денешниот тренинг. Тој ќе биде во составот за дуелот со Челзи во ЛШ во среда.