Златан денеска полни 41 години, стигна посебна честитка од Милан! (ФОТО)

106

Златан Ибрахимовиќ денеска слави, имено тој денеска полни 41 година. И нема намера да запре со играњето фудбал. Иако до крајот на оваа година тој ќе биде надвор од терените поради повреда, и тоа како има намера одново да биде во тимот на Милан за извесно време со оглед на тоа дека има договор до јуни 2023 година.

Секогаш подготвен за фудбалски виц, за хумор, да каже што мисли, и покрај тие 41 година тој е важна алка во составот на шампионот на Италија.

До него денеска пристигнуваат честитки, а посебна е онаа од страна на неговиот клуб, Милан.

Image

ПретходноМиовски: Целта се знае, да бидам прв стрелец во Шкотска
СледноЗарем ова е пенал: Најголемата судиска грешка во историјата во фудбалот! (ВИДЕО)