Некогашниот македонски одбојкарски селектор, Јошко Миленкоски, оваа сезона се пресели на кормилото на грчки ПАОК и во својот прв турнир успеа да го запише и првиот успех.
Викенов во Нови Сад на силниот одбојкарски турнир „Турнир на великаните“ во органзиација на ОК Војводина, ПАОК го освои првото место во конкуренција на четири екипи.
Миленкоски со својот нов тим успеа да забележи три победи, од кои една (3:2) и над словенечкиот првак АЦХ Волеј од Љубљана во чии редови настапува Никола Ѓорѓиев, капитенот на нашата одбојкарска репрезентација.
ПАОК го совлада домаќинот Војводина со 3:0 и бугарски Левски со 3:1.
Новата сезона во грчкиот одбојкарскишампионат почнува на 22 октомври.