Николов без поени во стартната победа на Коњаспор во турската лига

295

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Кристијан Николов тргна со победа во својот нов клуб во Турција, екипата на Коњаспор. Во премиерниот меч во турското првенство во новата сезона, Николов одигра близу 9 минути во дресот на Коњаспор, но не успеа да се запише во листата на стрелци. Зад неговото име останаа запишани 2 скока.

Коњаспор славеше вредна победа на гостувањето кај Бешикташ со 90:82, а Николов својата шанса за први поени во новиот клуб ќе ја чека во следното коло.

ПретходноКоментар на 9.коло: Брегалница си тера по старо, а Тиквеш е четврти!
СледноЕтеми влезе од клупата и за две минути асистираше за победа на Истанбулспор (ВИДЕО)