Голем скандал се случи во саботата под Шара, на мечот меѓу Тетекс и Каменица Саса во рамките на 6.коло во ВМФЛ. Имено во самиот финиш, при резултат 0:2 за гостите, еден домашен фан влета во теренот и го удри гостинскиот фудбалер Бошко Ступиќ. Јасно е дека мечот беше прекинат.
Во текот на денешниот ден ФК Тетекс со официјално соопштение се извини за овој, како што го нарекоа, изолиран инвидент на недговорен гледач, но јасно е дека надлежните во ФФМ веќе поведоа постапка против клубот – организатор на мечот, а тоа е ФК Тетекс.
Па така се очекува овој меч службено да се регистрира со 0:3 за Саса. Потоа теренот да биде суспендиран и тимот да не може на истиот да игра најмалку на два меча, или пак да се игра без публика и секако дека ќе следува парична казна.