Баерн изгледа страшно во ЛШ: Трета победа без примен гол (ВИДЕО)

99

Импресивните настапи на германскиот првак Баерн (М) во Лигата на шампионите продолжија и вечерва на домашен терен во меч од 3. коло против Викторија Плзен. Момците на тренерот Нагелсман за 20 минути го решија победникот на мечот, откакос о фуриозен старт до 21. минута веќе имаа предност од 3:0.

Баварците стигнаа во водство со голот на Сане во 7 минута, а 6 минути подоцна Гнабри згоелми и на 2:0. Во 21. минута Садио Мане погоди во гостинската мрежа за 3:0.

Во вториот дел стигнаа уште два гола во мрежата на гостите. Сане со својот втор гол во 50. минута зголеми на 4.0, а конечнте 5:0 беа дело на Чупо-Мотинг во 59. минута.

Баерн по три кола има 9 бода и импресивна гол разлика 9:0.


Standings provided by Sofascore

ПретходноБутел поразен и на реваншот: Алпла Хард „кобна“ за македонските преставници
СледноОлимпик Марсеј со прeсврт до прва победа, прв пораз за Спортинг (Л) (ВИДЕО)