Ракометарите на Бутел загубија и во реванш натпреварот од 2. Елиминациско коло во ЕХФ Европската лига. Денеска на домашен терен, бутелчани беа поразени од силната австриска екипа Алпла Хард со 25:21 и со два порази ги завршија европските настапи.
Уште на самиот почеток гостите покажаа дека се дојдени во Скопје да слават. Успеаја да направат неколку голови разлика, а потоа само умешно ја оддржуваа. На полувреме Австријците водеа со 12:5 и некако ги оставија без надежи нашите ракометари.
За нијанса, Бутел беше подобар во вториот дел, успеа да намали од негативата, но далеку беше од комплетен успех. Мајиќ со 6 гола и на реваншот беше најефикасен во дресот на Бутел, додека кај гостите Стевановиќ беше прв реализатор со 4 гола.