Во Борусија Дортмунд се шокирале кога ја виделе последната сметка за електрична енергија!

656

Кога во една Германија, најбогатата земја во Европа, клубовите си имаат проблем со плаќање на електричната енергија, тогаш што останува за останатите, посебно кај нас.

Па така деновиве раководните лица на Борусија Дортмунд се шокирале кога ја виделе последната сметка за електрична енерија. Таа изнесувала цели 10 милиони евра, а досега плаќале по 4 милиони. И веднаш почнале со акција како по секоја цена да ги намалат трошковите. Па така одлучено е рефлекторите со кои е осветлен стадионот „Сигнал Идуна Парк“ да се изгасне, логото до стадионот кој е како светлечка реклама да се изгасне, сите придружни елементи околу стадионот исто да се исклучат.

Нема да има топлење во ВИП ложите за време на натпреварите, им се препорачува на гледачите да се облекуваат во потопла облека.

Сакаме по секоја цена трошковите да ги намалиме барем за 20 насто. Веќе се на сила драстични мерки. Сметките се големи и објективно имаме проблеми“ велат од клубот.

ПретходноКарвахал до Чави: За десет години пет пати ја освоивме ЛШ, зарем тоа е на среќа?
СледноФранцуските градови ќе го бојкотираат СП во Катар