Шпанскиот новинар Фернандо Санц, тврди дека има посебна клаузула во договорот на норвешкиот „бомбардер“ Ерлин Халанд со Манчестер Сити, која практично ќе му овозможи Реал Мадрид под поволни услови наскоро да го добие голгетерот во својот тим.
„Клаузулата се однесува на втората година од договорот на Халанд. Интересен е податокот дека со многу поволни услови во контекст на Реал, тој може да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“, тврди Санц.
Како што тврди новинарот, Норвежанецот би можел да се пресели во шпанската престолнина по сезоната 2023/24. Новинарот не ја наведе точната сума за која би можел да се направи таков трансфер, но вели „сумата е реална и Реал може да ја плати“.