И тоа го има во фудбалот. Имено клупскиот автобус во кој биле играчите на Викторија Плзен на пат кон “Алианц Арената“, бил запрен од локалните полицајци. Се знае дека вечерва во меч од ЛШ, Баерн игра со екипата пд Чешка.
Откако биле запрени, во автобусот влегле двајца полицајци кои ги шокирале гостите од Чешка со своите барања.
Имено тие побарале од нив по секоја цена да одиграат најдобро што можат и ако им се укаже шанса да го победат Баерн. Потоа се испоставило дека и двајцата полицајци биле големи фанови на Минхен 1860, тим кој што некогаш беше голем градски ривал на Баерн Минхен, но кој се игра е во криза и игра во пониските лиги во Германија.