Барем такви се најавите од Италија откако очајниот старт на сезоната на овој фудбалски великан, доведе до ситуација на промени по само неколку кола. Дејан Станковиќ пак е икона во Италија, откако мина години во Лацио односно во Интер но како играч. Сега, неговата тренерска кариера е во нагорна линија, заврши одлична работа во Црвена Звезда, а сега очигледно е време за нешто многу поголемо.
Најавено е неговото враќање во Серија А, Сампдоријабира свој нов тренер, а србинот е најсериозен кандидат за тоа.
„По поразот од Монца, Сампдорија се одлучи да го смени досегашниот тренер, Марко Џампаоло. По осум кола освоени се само два бода, а овој дуел беше одлучувачки за Џампаоло. Фаорит за местото нов тренер е Дејан Станковиќ кој е прв пик и на управата, а негови конкуренти се Андреацоли односно Де Роси“ – напиша трансфер гуруто Џанлика Ди Марцио синоќа на социјалните мрежи.