Дон Карло прво се “скина“ од смеење, па потоа им “одговори“ на Чави и Меси!

399

Вечерва и утревечер се играат натпреварите од Лигата на Шампионите. И како што е вообичаено, тренерите на најголемите екипи во Европа имаат средби со претставниците на медиумите. Реал Мадрид утре игра дома со Шахтјор, а на денешниот прес покрај другото Карло Анчелоти беше прашан да коментира она што во последно време се почесто се коментира, дека не секогаш најдобриот тим во Европа ја освокјува ЛШ. Нешто што го имаат коментирано Чави и Меси, со тоа сакаат да кажат дека Реал Мадрид и покрај тоа што е победник во ЛШ, сепак тој тим не е најдобриот во Европа.

На ова Дон Карло прво шеретски се “скина“ од смеење, за да потоа кажа:

Тоа го рекле? Јас, како и сите во светот, сум изненаден од тие нивни изјави. Отсекогаш си мислев дека ако сакаш да ја освоиш ЛШ треба да си најдобар, да имаш најдобар тим. Веројатно тој што е прв тој е и најдобар. Немам што премногу да коментирам. Едноставно е, најдобриот тим ја освојува Лигата на Шампионите“ со овие зборови им “одговори“ Дон Карло на Чави и Меси.

ПретходноНезири: Шкендија го респектира Скопје, во Купот немаш право на грешка!
СледноБаерн си поигрува со Викторија Плзен! (ВИДЕО)