ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Наполи „гази“ во Амстердам, Интер и Ливерпул со минимална предност (ВИДЕО)

128

Со еден прекрасен гол на Чалханоглу во втората минута од судиското продолжение, Интер го доби првото полувреме од големото дерби во ЛШ вечерва против Барселона. Турскиот интернационалец погоди за 1:0 и предност со која „нероаѕурите“ заминаа на пауза.

 

Ливерпул води против Ренџерс со голот од слободен удар на Трент Александер-Арнолд, додека Наполи уште во првиот дел има високи 3:1 предност на гости кај Ајакс. Домашните овде први поведоа со голот на Кудус, но Наполи се врати со триото Распадори, Ди Лоренцо и Жиелински.

 

Бриж продолжува со одлични настапи и има предност од 1:0 на полувреме против Атлетико (М) додека на дуелите во Порто и Франкфурт нема погодоци. Во Порто на дуелот меѓу Порто и Баер (Л) имаше два поништени гола и еден промашен пенал за гостите.

ПретходноШокантно: Клоп не е веќе омилен кај фановите на Ливерпул! (ВИДЕО)
СледноЧеферин: Суперлига нема да има ни по 15 години, Англичаните се надвор од тој проект