Срна револтиран: ФИФА го уништи Шахтјор, да се работеше за Барса, Реал, Баерн тогаш…

331

Поранешниот хрватски репрезентативец Дарио Срна, сега спортски директор на Шахтјор Доњецк во интервју за „Марка“ зборуваше за ситуацијата во украинскиот клуб, за нападите на Украина и за односот на УЕФА и ФИФА кон нив.

Во саботата игравме со Металист, се вклучија алармите за опасност па се повлековме во соблекувалните, а после 15 минути излеговме да го доиграме натпреварот. Мораме да менуваме хотели, автобуси, тренираме под звукот на сирените, патуваме под звукот на сирените… Тоа е нашиот живот. Како што армијата се бори за народот така и ние играме за народот, за фановите, за Украина“, изјави Срна.

Треба да играме против Реал Мадрид во ЛШ на „Сантијаго Бернабеу“. Тоа е вистинска одисеја за нас. Денеска (понеделнико) трениравме, потоа со автобус патувавме 7-8 часа до Полска затоа што не ни е дозволено да полетаме од Украина (од ризик), а потоа уште 4 часа со авион. Живееме комплициран живот, но ниту еден фудбалер не се пожалил дека е изморен

УЕФА преку Чеферин направи се што е во нивна моќ да ни помогнат и да му помогнат на украинскиот фудбал. Од друга страна ФИФА нѐ уништи. Не нѐ заштити во ниту еден миг. Од друга страна да беа Реал Мадрид, Барселона, Севиља и Баерн Минхен во наша ситуација, веднаш ќе се пуштеа во акција и ќе им помогнеа. Само да ги потсетам, и ние сме клуб кој во изминатите 20 години даде многу за европскиот фудбал. Ги повикувам некој од ФИФА да дојде во Украина, да живее неколку дена со нас и со другите екипи и да почувствуваат како е да се живее со сирени и бомби“, револтиран е Срна.

ИНТЕРВЈУТО НА ШПАНСКИ ЈАЗИК МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ОВДЕ

ПретходноДа се наежиш – вака Ајакс го најави мечот со Наполи
СледноКарвахал до Чави: За десет години пет пати ја освоивме ЛШ, зарем тоа е на среќа?