Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин вели дека проектот Суперлига нема шанси да заживее.
„Се сомневам дека за 10-15 години таквите идеи, сепак, можат да се вратат. Има тројца претседатели на клубови кои постојано тврдат нешто поради нивното его. Англичаните дефинитивно нема повторно да се приклучат на Суперлигата, а знаеме дека нема да има сериозно натпреварување без англиските клубови. Тие денеска се веројатно најважните во европскиот фудбал“, вели Чеферин во интервју дадено деновиве.