Во договорот на Халанд има клаузула која може лесно да го донесе во дресот на Реал (М)

517

Шпанскиот новинар Фернандо Санц, тврди дека има посебна клаузула во договорот на норвешкиот „бомбардер“ Ерлин Халанд со Манчестер Сити, која практично ќе му овозможи Реал Мадрид под поволни услови наскоро да го добие голгетерот во својот тим.

„Клаузулата се однесува на втората година од договорот на Халанд. Интересен е податокот дека со многу поволни услови во контекст на Реал, тој може да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“, тврди Санц.

Како што тврди новинарот, Норвежанецот би можел да се пресели во шпанската престолнина по сезоната 2023/24. Новинарот не ја наведе точната сума за која би можел да се направи таков трансфер, но вели „сумата е реална и Реал може да ја плати“.

ПретходноМладинките до 19 години ја победија Грузија во квалификациите за ЕП 2023
СледноЛШ: Чалханоглу за славје во Милано, Наполи го „наполни“ Ајакс, Бриж не застанува (ВИДЕО)