Англискиот премиерлигаш Вулверхемптон е на пат да го ангажира Педро Мартинс за заменик на отпуштениот Бруно Лаге на кормилото на тимот. Клубот од Премиер лигата е во потрага по нов менаџер по заминувањето на Бруно Лаге, а информациите говорат дека Мартинс засега единствениот реален кандидат за оваа позиција.
52-годишниот поранешен португалски репрезентативец и самиот е заинтересиран за преселба на стадионот „Мјулине“. Педро Мартинс во моментов е без менаџерска улога по неговото заминување од Олимпијакос ова лето. 52-годишниот тренер ја освои Суперлигата на Грција во 2020, 2021 и 2022 година.
Тој, исто така, го предводеше Олимпијакос до успехот на грчкиот фудбалски куп во 2020 година.