Македонскиот второлигаш Беласица и тренерот Шефки Арифовски спогодбено го раскинаа договорот, а струмичкиот клуб веднаш најде негова замена. За нов шеф на стручниот штаб е поставен доскорешниот помошен тренер и поранешниот фудбалер кој е дете на школата на ФК Беласица, Благој Гуцев.