Со еден прекрасен гол на Чалханоглу во втората минута од судиското продолжение, Интер го доби првото полувреме од големото дерби во ЛШ вечерва против Барселона. Турскиот интернационалец погоди за 1:0 и предност со која „нероаѕурите“ заминаа на пауза.
Ливерпул води против Ренџерс со голот од слободен удар на Трент Александер-Арнолд, додека Наполи уште во првиот дел има високи 3:1 предност на гости кај Ајакс. Домашните овде први поведоа со голот на Кудус, но Наполи се врати со триото Распадори, Ди Лоренцо и Жиелински.
Бриж продолжува со одлични настапи и има предност од 1:0 на полувреме против Атлетико (М) додека на дуелите во Порто и Франкфурт нема погодоци. Во Порто на дуелот меѓу Порто и Баер (Л) имаше два поништени гола и еден промашен пенал за гостите.