Интер со еден прекрасен гол на Турчинот Чалханоглу го доби големото дерби вечерва во 3. коло од Лигата на шампионите. На „Џузепе Меаца“, италијанскиот вицешампион славеше минимално со 1:0 во „групата на смртта“ каде претходно Баерн (М) ја прокнижи и третата победа.
Барселона успеа да израмни преку Педри во вториот дел од мечот, но голот беше поништен поради игра со рака на Ансу Фати во противничкиот шеснаесетник.
Во групата А Ајакс доживеа вистински дебакл на свој терен. Холандскиот првак загуби со 6:1 од италијански Наполи, иако домашните први поведоа. Фантастичните гости се вратија силно и до крајот немилосрдно ја полнеа гостинската мрежа. Два гола постигна Распадори, по еден Ди Лоренцо, Жиелински, Кваратскелија и Симеоне.
Ливерпул беше доминантен против Ренџерс, но постигна само два гола за победа од 2:0. Во првиот дел од слободен удар Александер-Арнолд отвори за водство од 1:0, а на стартот на вториот дел Салах зголеми на 2:0.
Во групата Б, Бриж не се шегува. Белгијците го „преслушаа“ и Атлетико (М) со 2:0 за трета победа во групата и лидерско место пред фаворитите. Атлетико промаши пенал преку Гризман во второто полувреме. Во вториот меч, по два поништени гола во првиот дел и промашен пенал за гостите, Порто со голот на Сануси дојде до водство против Баер (Л) од 1:0. Во финишот Галено само ја потврди победата од 2:0.
Во групата Д не се нагледавме фудбал. Ајнтрахт (Ф) и Тотенхем завршија без голови.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 3 КОЛО
ГРУПА А
Ајакс – Наполи 1:6
Ливерпул – Ренџерс 2:0
ГРУПА Б
Бриж – Атлетико (М) 2:0
Порто – Баер (Л) 2:0
ГРУПА Ц
Баерн (М) – Викторија П. 5:0
Интер – Барселона 1:0
ГРУПА Д
Олимпик (М) – Спортинг 4:1
Ајнтрахт (Ф) – Тотенхем 0:0