„Потребна ни е победа за да се вратиме на вистинскиот пат. Фудбалерите треба со гордост да го носат дресот на еден од најголемите тимови во светот. Сè уште е многу рано. Можеби до средината на сезоната ќе се решат проблемите. Заостанувањето од врвот не е големо. Минатата сезона веќе му го подаривме Скудетото на Милан , се надевам дека истото нема да се случи и оваа година“, изјави Морати па додаде.
„Играчите и тренерите никогаш нема јавно да кажат дека тоа што се случува на горните катови во клубот влијае негативно на нив. Најверојатно тие го споделуваат само еден со друг. На крајот на краиштата, зборуваме за нормални луѓе. Интер се уште може да напредува под водство на семејството Жанг . Секако на почетокот инвестициите беа посериозни. Треба да откриеме дали сопствениците сакаат да го задржат клубот или да го продадат. Доколку втората опција е пореална тогаш ситуацијата може да се влоши“, стравува Морати.