Поранешниот хрватски репрезентативец Дарио Срна, сега спортски директор на Шахтјор Доњецк во интервју за „Марка“ зборуваше за ситуацијата во украинскиот клуб, за нападите на Украина и за односот на УЕФА и ФИФА кон нив.
„Во саботата игравме со Металист, се вклучија алармите за опасност па се повлековме во соблекувалните, а после 15 минути излеговме да го доиграме натпреварот. Мораме да менуваме хотели, автобуси, тренираме под звукот на сирените, патуваме под звукот на сирените… Тоа е нашиот живот. Како што армијата се бори за народот така и ние играме за народот, за фановите, за Украина“, изјави Срна.
„Треба да играме против Реал Мадрид во ЛШ на „Сантијаго Бернабеу“. Тоа е вистинска одисеја за нас. Денеска (понеделнико) трениравме, потоа со автобус патувавме 7-8 часа до Полска затоа што не ни е дозволено да полетаме од Украина (од ризик), а потоа уште 4 часа со авион. Живееме комплициран живот, но ниту еден фудбалер не се пожалил дека е изморен
УЕФА преку Чеферин направи се што е во нивна моќ да ни помогнат и да му помогнат на украинскиот фудбал. Од друга страна ФИФА нѐ уништи. Не нѐ заштити во ниту еден миг. Од друга страна да беа Реал Мадрид, Барселона, Севиља и Баерн Минхен во наша ситуација, веднаш ќе се пуштеа во акција и ќе им помогнеа. Само да ги потсетам, и ние сме клуб кој во изминатите 20 години даде многу за европскиот фудбал. Ги повикувам некој од ФИФА да дојде во Украина, да живее неколку дена со нас и со другите екипи и да почувствуваат како е да се живее со сирени и бомби“, револтиран е Срна.
ИНТЕРВЈУТО НА ШПАНСКИ ЈАЗИК МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ОВДЕ