Тајмс: Мундијалот во 2030 ќе се одржи и во Украина!?

113

Англискиот „Тајмс“ кој важи за медиум кој пласира сериозно доверливи но и проверени пред се информации, синоќа во јавноста пласираше сериозна ексклузива. Тврди дека во кандидатурата за организација на Мундијалот во 2030 година на Шпанија односно Португалија ќе биде приклучена и ни по малку ни повеќе туку Украина. Земјата која што во моментов е погодена од воен конфликт за кој не се знае ни од далеку колку ќе трае ќе биде кандидат за организирање на еден од најважните настани во светот на спортот, а и воопшто.

Според „Тајмс“ за ова е информиран, а е и добиено дозвола од страна на претседателот на Украина, Владимир Зеленски, а секако на ова се согласите и владејачките структури на Португалија односно Шпанија. Украина би требало да ја организира една од групите на Мундијалот.

Претставниците на Португалија односно Шпанија, утре во просториите на ФИФА ќе извршат презентација на целиот проект во кој е приклучена и Украина. Основната идеја на сето ова е дека токму преку фудбалот во оваа земја ќе се воспостави мир и стабилност во периодот кој следува.

„Учевството на Украина во кандидатурата се смета за силен потез и стратегија за освојување на гласови помеѓу 211 членки на ФИФА, и против удар на кандидатурата на Саудиска Арабија која со себе ги припои и Египет и Грција. Кандидатурата со три континенти исто така се смета за топ стратегија која може да мине кај гласачите“ – вели Тајмс

 

ПретходноЧеферин: Финалето во Kонференциската лига беше по гледано од она во Лигата на Европа
СледноНовак: Е.. се како е ова можно!? (ВИДЕО)