Она што не му успеа изминатото лето очиглендо дека ќе биде тема во јануаркиот преоден рок. Кристијано Роналдо сега и со помош на самиот Манчетсер Јунајтед ќе си замине од Олд Трафорд во јануари како конечен еполог на сагата која што е поврзана со него.
Убедливо најдобриот играч на Јунајтед изминатата сезона, е во немилост кај тренерот Ерик тен Хаг затоа што по неговото пристигнување летово, Роналдо инсистираше на трансфер и бојкотираше огромен дел од подготовките. Тоа за Тен Хаг очигледно е недозволиво па Роналдо иако остана тој не само што не е стартер, туку не доби воопшто минутажа во викенд дебаклот против Сити.
Сето ова дава знак дека дефинитивно времето на Кристијано Роналдо на Олд Трафорд измина и дека уште од сега треба да се бара начин и клуб каде што тој ќе замине и ќе има шанса повторно да биде на највисоко можно фудбалко ниво.