Фановите на Интер “удрија“ по претседателот на клубот! (ВИДЕО)

171

И дефинитивно во Интер ситуацијата не е најдобра. И не само поради очајните игри и резултати на тимот предводен од Симоне Инзаги, туку и поради сите работи поврзани со првииот човек на клубот Стивен Жанг. Кинескиот бизнисмен не е баш омилен кај фановите на „неро-аѕурите“, посебно не во последно време кога одлучи по секоја цена да го скрати буџетот, иако Интер и натаму веројатно го има најдобриот тим во Серија А по имиња.

Токму затоа попладнево, при доаѓање на службениот ручек со луѓето од Барселона, во пресрет на вечерашниот дуел во Лигата на Шампионите, фановите со погрдни извици се нафрлија кон него.

Му извикуваа покрај другото да си оди дома…

Претходно„Бомба“: Меси се враќа во Барса на 1 јули 2023!
СледноНезири: Шкендија го респектира Скопје, во Купот немаш право на грешка!