Тимот на Елче сезонава има само еден освоен бод во седум одиграни мечеви и сосема нормално е што досегашниот тренер Франциско доби отказ. Сопственикот на клубот, Кристијан Брагарник ќе мора да се врати на пазарот и да пронајде ново име, кое нема да биде лесно со оглед на ситуацијата на табелата.
Капката која што ја прели чашата е поразот од Рајо викендов и тоа со пресврт, и гол примен во последните секунди од мечот. Елче има пет порази по ред и ваквиот расплет на настаните е сосема очекуван.