Еден од најдобрите Формула 1 возачи на сите времиња, Луис Хамилтон сезонава на 17 трки сеуште нема победа. Има над 150 бодови заостанување зад лидерот Макс Ферстапен но тоа не му пречи да изјави дека сеуште има многу километри во себе минати во болидот и дека наскоро очекува потпишување на нов договор со неговиот тим Мерцедес.
Тој сезонава ја вози за дил вреден 46. милиони долари, има 37 години, а самиот смета дека може слободно да се смета на него и во следните пет сезони. Тоа значи дека би возел до 42. годишна возраст.
„Често разговараме. Минатата недела седнавме и разговаравме на темата. Рече дека има уште пет сезони во себе и ме праша што мислам околу тоа. Искрени сме еден кон друг и тој ќе биде прв кој што ќе ми каже дека повеќе не може да реагира адектавно на патеката и дека тркањето не му е веќе забавно. Воопшто не се сомневам во продолжувањето на соработката, и тоа доа дефинитивно ќе се случи“ – изјави шефот на Мерцедес тимот Тото Волф на тема Луис Хамилтон.