Чеферин: Суперлига нема да има ни по 15 години, Англичаните се надвор од тој проект

121

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин вели дека проектот Суперлига нема шанси да заживее.

„Се сомневам дека за 10-15 години таквите идеи, сепак, можат да се вратат. Има тројца претседатели на клубови кои постојано тврдат нешто поради нивното его. Англичаните дефинитивно нема повторно да се приклучат на Суперлигата, а знаеме дека нема да има сериозно натпреварување без англиските клубови. Тие денеска се веројатно најважните во европскиот фудбал“, вели Чеферин во интервју дадено деновиве.

ПретходноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Наполи „гази“ во Амстердам, Интер и Ливерпул со минимална предност (ВИДЕО)
СледноМладинките до 19 години ја победија Грузија во квалификациите за ЕП 2023