Незири: Шкендија го респектира Скопје, во Купот немаш право на грешка!

138
Processed with VSCO with m5 preset

По триумфот во Прилеп, со Победа од 1:3, утре Шкендија одново ја чека меч кој не смее да си дозволи кикс. А тоа е осминафилниот дуел во Купот на Македонија со Скопје. Меч кој се игра утре во Тетово со почеток од 14 часот, како и сите останати во оваа фаза од ова натпреварување.

Искусниот дефанзивец на Шкендија, Меџит Незири во пресрет на утрешниот дуел со Скопје за клупскиот сајт истакна:

Без разлика за каков натпревар станува збор, познато е дека филозофијата на Шкендија е секогаш да оди на победа. Посебно сега кога победата ќе ни овозможи да одиме во следната фаза во Купот. Мечот со Скопје е многу важен за нас, познато е дека во купот немаш право на грешка. Шкендија максимално го респектира тимот на Скопје и максимално сме подготвени“ рече покрај другото Незири.

ПретходноФановите на Интер “удрија“ по претседателот на клубот! (ВИДЕО)
СледноДон Карло прво се “скина“ од смеење, па потоа им “одговори“ на Чави и Меси!