Да се наежиш – вака Ајакс го најави мечот со Наполи

259

Фудбалерите на Ајакс вечерва го дочекуваат Наполи во ЛШ, а холандскиот тим на неверојатен начин го најави натпреварот. На социјалните мрежи ја споделија најавата за меѓусебниот дуел, а притоа допреа до срцата на навивачите на двата клуба.

Со графиката е искажана чест на покојните легенди Јохан Кројф и Диего Армандо Марадона, заштитни лица на Ајакс и Наполи.

Тие се нацртани како седат на тросед сместен во облаците и гледаат во телевизор кој го најавува дуелот во ЛШ.

„Јас сум навивач на Наполи и им симнувам капа за оваа фотографија“, напишал еден навивач на социјалните мрежи.

„Се наежив кога го видов ова“, пишува друг.

 

ПретходноБутел сака да испише историја, сака пласман во групите на Европската лига!
СледноСрна револтиран: ФИФА го уништи Шахтјор, да се работеше за Барса, Реал, Баерн тогаш…