Младинките до 19 години ја победија Грузија во квалификациите за ЕП 2023

212

Женската селекција на Македонија до 19 години со победа ги почна квалификациите за Европското првенство кои се одржуваат на турнир во Тбилиси, Грузија.

Во премиерниот меч, избраничките на селекторот Астрит Мерко славеа над домаќинот Грузија со 1:0, со голот на Симона Ребека Маијер во 64. минута.

Во групата 6 од Б лигата во рамките на првата рунда квалификации, покрај нови две селекции е и селекцијата на Белорусија со која ќе се сретнеме на 7 октомври.

ПретходноЧеферин: Суперлига нема да има ни по 15 години, Англичаните се надвор од тој проект
СледноВо договорот на Халанд има клаузула која може лесно да го донесе во дресот на Реал (М)