Младиот тим на Победа е подготвен за утрешниот реванш против Колерајн од С. Ирска во првото коло од Младинската лига на УЕФА, или младинската ЛШ. Прилепчани денеска вредно тренираа на теренот на ФФМ во Скопје, каде утре со почеток од 14 часот го играат натшреварот со претставникот од С. Ирска. Да потсетиме дека на првиот меч пред седум дена, во С. Ирска, и покрај водството од 1:2 за Победа, Колерајн сепак успеа на крај да се радува со триумф од 3:2.
Шансите се тука, потребна е победа на младиот тим на Победа од два гола разлика за да се избори пласман во следната фаза во ова натпреварување.