Денеска еден од најтрофејните македонски фудбалски колективи, ФК Работнички слави 85.години постоење. Во својата богата историја, херојот од Дебар Маало има доживеано многу светли моменти, освојување на титули, како во домашниот шампионат, така и во купот, како и одлични изданија во фудбалска Европа.
Постарите љубители на фудбалот во Скопје секогаш ја прераспажуваат и ќе ја прераскажуваат приказната како ФК Работнички е роден во една спонтана и чиста идеја на стари скопјани низ кафаните во Дебар Маало далечната 1937 година која денеска е преточена во клуб кој дава огромен број на македонски младински но и сениорски репрезентативци и со кој Скопје како град се гордее.