Чеферин: Финалето во Kонференциската лига беше по гледано од она во Лигата на Европа

183

Првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин во ијзава дадена за медиумите откри дека е исклулително задоволен од развојот на Конференциската лига и дека ова, трето по ранг меѓународно натпреварување во Европа е успешен проект.

Многумина беа скептици откако по Лигата на Шампионите, односно Лигата на Европа, УЕФА одлучи да го воведе и ова натпреварување, но истите сега се демантирани од бројките кои ги постигнаа оваа лига.

„Задоволни смеод бројките кои ги постигнаа Лигата на Европа и Конференциската лига. Некои не критикуваа поради неа, а сега истите велат дека треба таа да се одржува на поголеми стадиони. На пример, финалето во Конференциската лига помеѓу Рома и Феенорд во Тирана, беше погледано од финалето во Лигата на Европа помеѓу Ајнтрахт и Ренџерс“ – рече Чеферин.

ПретходноРајо и Столе го победија „фенерџијата“ со гол во 95. минута (ВИДЕО)
СледноТајмс: Мундијалот во 2030 ќе се одржи и во Украина!?