Денеска младинскиот тим на Победа од Прилеп го игра реванш дуелот од првото квалификациско коло од младинската Лига на Шампиони, против претставникот од Северна Ирска, тимот на Колерајн.
Прилепчани имаат негатива од 3:2 од првиот дуел одигран на гостински терен, но импресиите од истиот се дека противникот е далеку од непобедлив и дека може и тоа како да биде елиминиран.
Затоа, денеска од 14:00 часот на комплексот Петар Милошевски, младинците на Победа имаат златна, историска шанса да бидат првиот македонски тим кој што минал едно коло од ова натпреварување во кое претходно не претставуваа Вардар и Шкендија.
Нека биде овој дуел почеток на една нова пракса во кој нашите претставници ќе играат далеку посериозна улога во ова натпреварување и нема да бидат само спаринг партнер. Прилепски деца, вие сте на потег….