Поразот на Барселона од Интер (1:0) е голем удар за тимот на Чави, како од спортски аспект, така и од ментален аспект. „Блауграна“ не одигра добар натпревар, но мора да се признае дека имаше и свои моменти во различни фази на мечот, а сепак, на крајот резултатот е пораз.
А овој пораз само се надоврза на неуспесите на каталонскиот клуб против „големите“ во Европа. Се чини дека „Каталонците“ ја изгубија способноста да се натпреваруваат со поранешните европски шампиони.
Ако се прашувате кога последен пат Барселона победила освојувач на ЛШ на нивен стадион, па и на „Ноу Камп“ тогаш се враќаме две години наназад. На 28 октомври 2020 година Барса го победила Јувентус во Торино со 2:0.
Следуваа пораз од Јувентус на „Ноу Камп“ со 0:3, па од Баерн на домашен терен со 0:3 (14.09.2021), потоа од Бенфика во Лисабон со 3:0 (29.09.2021), реми со Бенфика на свој терен (23.11.2021), пораз од Баерн во Минхен со 3:0 (12.08.2021), оваа сезона пораз од Баерн во Минхен со 2:0 (13.09.2022) и сега пораз од Интер во Милано со 1:0.
Тоа се шест порази и едно реми против клубовите кои некогаш биле европски шампиони. А ако ги придодадеме и поразот (1:4) и ремито (1:1) со ПСЖ (осминафинале во сезоната 2020/21) тогаш ефектот е уште полош.
Во последните две години Барселона ги победила Динамо Киев (2:1 и 4:0 во сезоната 2020/21 и 1:0, 1:0 во сезоната 2021/22), Ференцварош (3:0 во 2020/21) и Викторија Плзен (5:1 во 2022/23).