Бразилски тренер осуден на 109 години затвор!

314

Некогашниот тренер на гимнастичката репрезентација на Бразил, Фернандо де Карваљо Лопез е осуден на 109 години затвор. Судот ја изрекол пресудата откако обвинението се потврдило, односно откако доказите дека овој монструм од човек со години сексулно злоставувал неколкумина машки и женски спортисти.

Аферата е откриена во 2016 година, а потоа дошле и тужбите од страна на децата кои биле сексуално злоставувани. Пред две години Гимнастичкиот сојуз на Бразил го сменил Лопез, но тој и покрај пресудата сеуште изјавува дека е невин.

ПретходноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Халанд „монструозен“, Фофана за водство на Челзи (ВИДЕО)
СледноРубенс Барикело по 20 години: Го пуштив Шумахер да победи па отидов да повраќам!