Ван Дер Варт: Спасете го Тадиќ од оваа беда

588

Синоќа тимот на Ајакс доживеа вистински бродолом на домашен терен со поразот во Лигата на Шампионите од Наполи со 1:6. Се редат критиките на сите страни уште од вчера, а и утринава интернетот е преполн со изјави во кои видни личности и авторитети коментираат како е можно Ајакс да загуби на така ужасен начин. Се бараат виновниците, а легендата на клубот Рафаел Ван Дер Варт смета дека главната причина за поразот е капитенот Душан Тадиќ. Србинот не е во форма очигледно, а тоа клуминираше синоќа кога одигра ужасен меч, а доби и црвен картон.

„Тадиќ е тотално вон форма. Имам почитување за неговата кариера, но некогаш доаѓа време во кога мора да кажете доста е и да го извадите од игра. Морате да го спасите од оваа беда, а и навивачите повеќе не сакаат да го гледаат и сакаат да се случи тоа. Единствено Алфред Шрудер не мисли така“ – рече Ван Дер Варт.

 

ПретходноАјде прилепски деца, покажете што е град херој
СледноКлоп: Е ова е тоа што ни требаше