Голем гест: Љуботен прими девет парчиња од “пандевци“, па потоа го даруваше Васоски со дрес! (ФОТО)

811

Уште пред да почне мечот во Струмица, осминафиналниот во Купот на Македонија меѓу А. Пандев и Љуботен, се знаеше дека „пандевци“ ќе победат, прашање беше само со колкава разлика. Тимот на Александар Васоски му стегна девет “парчиња“ на Љуботен, а првите луѓе на најстариот клуб во Македонија по мечот го даруваа стратегот на победничкиот тим со дрес.

Со подарокот се пофали самиот Васоски на својот ФБ профил. Како голем спортсмен искрено им се заблагодари на тетовци, кажа дека за тој клуб некогаш играл и неговиот татко, и му посака на Љуботен наскоро влез во ВМФЛ.

Кога сме кај тие 9:0, стрелци за А. Пандев беа Димоски со три гола, Ангелов постигна два, а по еден постигнаа Ѓоргиевски, Крстевски, Илиев и Капсаров.

ФОТО: Александар Васоски ФБ

May be an image of 2 people, people standing and indoor

ПретходноШокантно: Штрајк во Баерн Минхен!!!
СледноТухел го одбил Леверкузен, па раководството се свртело кон поранешен светски шампион