Ливерпул синоќа на одличен начин им се врати на победите со триумфот над Реџџерс од 2:0 во рамките од Лигата на Шампионите. Тимот од Енфилд на стартот на сезонава се мачи на резултатски план, па триумф во Европа е она што е потребно во моментов, смета менаџерот Јирген Клоп.
“Токму тоа ни требаше. Беше супер солидна претстава, беспрекорна дефанзивна игра, сите се вклопија се вклопија. Понекогаш треба да се менуваат работите. Сигурно беше изненадување за Ренџерс како се однесувавме на терен. Победивме со 2:0 и јас сум повеќе од среќен“, призна Клоп па додаде.
„Ја трениравме оваа формација само еднаш. Им кажав на играчите како сакам да играме и мислам дека тие се покажаа добро. На моменти и немавме среќа, но во дефанзива бевме непробојни, освен последните неколку минути противникот и имаше некакви ситуации пред нашиот гол“, додаде кормиларот на Ливерпул.