ЛШ: Динамо и Адеми поразени во Салцбург, прва победа и за Лајпциг (ВИДЕО)

87

Со голот на Швајцарецот Окафор од пенал, Салцбург дојде до минимална победа над хрватскиот шампион Динамо (З) и по двете ремија во првите две кола ја прокнжи првата победа за да се искачи на врвот на табелата во групата „А“ пред вечерашното дерби во Лондон меѓу Челзи и Милан.

Тимот на нашиот Адеми кој беше стартер од првата минута и на Стефан Ристовски кој остана надвор од тимот, имаше свои шанси, а дури и постигна гол во 95. минута преку Дрмиќ, но истиот беше поништен поради офсајд. Ова е веќе втор пораз за загрепските „модри“ кои остануваат само на оној стартен успех дома против Челзи.

 

Во вториот меч одигран попладнево, РБ Лајпциг ја оствари првата победа во групата „Ф“ совладувајќи го Селтик со 3:1. По еден поништен негов гол во 19. минута, Нкунку погоди во 27. минута за 1:0, но Селтик израмни на стартот на вториот дел преку Жота.

Одлуката падна во 64. минута со голот на Андре Силва за 2:1, а потоа истиот фудбалер во 77. минута ја запечати победата на домашните за 3:1.

ПретходноНа 17 години: Горјан Цветков со гол го прослави своето деби за Вардар!
СледноПорто загуби, но Митревски ја има една од најдобрите одбрани денеска (ВИДЕО)