Челзи со убедлива партија оствари голема победа во дербито на вечерта во 3. коло од Лигата на шампионите. „Сините“ славеа со 3:0 против Милан и ја прокнижија само првата победа во групата со која се израмнија со Милан на делба на 2 и 3 место, но лидер е Салцбург кој претходно славеше против Динамо (З). Головите за Челзи ги постигнаа Фофана, Обамејанг и Рис Џејмс.
Реал (М) се изнапромаши со Шахтјор, но на крајот ги пресмета новите бодови на своето конто. Третата победа за момците на Анчелоти дојде со головите на Родриго и Винисиус уште во првиот дел од мечот. Зубков погоди за гостите.
Најмалку неизвесност имаше во групата „Г“. Манчестер Сити го демолираше дански Копенхаген со 5:0, а Ерлинг Халанд за 45 минути игра постигна нови два гола во дресот на англискиот шампион. Во листата на стрелци за Сити се запишаа и Марез, Х. Алварез, а еден автогол постигна Хохлава.
Во вториот меч од оваа група, маестрална партија на Борусија (Д) на гости кај очајната Севиља. Германците во првото полувреме веќе водеа со 3:0, а до крајот постигнаа уште еден гол. Севиља преку Ел-Несири постигна само почесен гол.
Во групата „Х“ Јувентус успеа да слави против Макаби Х. со 3:1, но мечот можеше да оди и во поинаков тек, ако гостите ги искористија своите шанси. Сепак, два гола на Рабио и еден на Влаховиќ на Алегри и неговите избраници им ја донесе првата победа во групата.
Бенфика успеа да остане непоразена дома против ПСЖ и со тоа да се задржи на делба на врвот во групата. 1:1 е конечниот резултат во Лисабон, откако Меси погоди за водство на парижани, додека Бенфика израмни благодарение на автоголот на Данило.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 3. КОЛО
ГРУПА „Е“
Салцбург – Динамо (З) 1:0
Челзи – Милан 3:0
ГРУПА „Ф“
Лајпциг – Селтик 3:1
Реал (М) – Шахтјор 2:1
ГРУПА „Г“
Манчестер С. – Копенхаген 5:0
Севиља – Борусија (Д) 1:4
ГРУПА „Х“
Јувентус – Макаби Х. 3:1
Бенфика – ПСЖ 1:1