ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Халанд „монструозен“, Фофана за водство на Челзи (ВИДЕО)

202

Норвежанецот Ерлинг Халанд продолжува со својата неверојатана голгетерска серија. Вечерва на дуелот на „Етихад“ против екипата на ФК Копенхаген, Халанд постигна два од трите гола за Сити во првото полувреме. „Граѓаните“ водат со 3:0 и прашње е каков ќе биде конечниот резултат на мечот до крајот.


 

Во дербито на вечерта, Челзи по една голема мешаница во шеснаесетникот на Милан успеа да погоди преку дефанзивецот Фофана и да замине на пауза со предност од 1:0.

 

Идентична предност обезбедија и Јувентус. Јуве води дома со Макаби Х. со голот на Рабио, додека Меси обезбеди минимална предност за ПСЖ на гостувањето против Бенфика, но Данило си постигна автогол и им донесе на домашните 1:1 на полувреме.

Реал (М) има предност од 2:1 против Шахтјор, Борусија (Д) доминира во Шпанија против Севиља и води со 3:0 по само едно полувреме.

ПретходноСтрумица Никоб ги пушти во продажба билетите за ЦЕВ Куп дуелот со Мурса
СледноБразилски тренер осуден на 109 години затвор!