Плејмејкерот на Анадолу Ефес, Василие Мициќ, објасни зошто не можел да се договори за премин во НБА во изминатата вонсезона.
„Имам желба да одам во НБА, но како што можете да видите, работите не одат баш најдобро. Во моите одлуки секогаш и давам приоритет на кошарката. Не се ни трудам да ги бркам парите. Никогаш не трчам по пари или по индивидуални награди. Знам дека ќе дојдат доколку вложам многу труд и покажам добри резултати. Според она што го слушнав од моите агенти, имаше гласини за некои тимови. Некои тимови беа навистина заинтересирани за мене. Колку што разбрав, се двоумат дали да ми ја дадат улогата што ја сакам. Што се однесува до Оклахома, тие имаат права за мене и јас би сакал да одам таму. Можеби нашите интереси се разминуваат. Тие сакаат да развиваат млади играчи и да градат тим со сите талентирани момци што ги имаат. Можеби не сум вклучен во нивните планови“, вели Мициќ.
Мициќ е на третото место во рангирањето на најплатените играчи во Евролигата со заработка од 3,3 милиони долари.