Она што во текот на денешниот ден во медиумите во Германија, па и во Европа, се најавуваше, од вечерва е и официјално. Имено Чаби Алонсо, легендарниот шпански фудбалер е нов шеф на струката на Баер Леверкузен. Оваа вест ја потврдија и од страна на самиот клуб од Леверкузен.
Во својата кариера како играч, Алонсо беше член на Баерн, Ливерпул, Реал Мадрид…беше светски и европски првак со Шпанија и освојувач на Лигата на Шампионите.
„Го знам Леверкузен од времето кога играв во Германија, како одличен клуб. Отсекогаш имал квалитетни играчи, така е и сега. Многу сум возбуден од оваа работа“ е првата изјава на Алонсо како тренер на Леверкузен.