Пиоли: Со тоа што Челзи го смени тренерот ни ја отежни работата

144

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли зборуваше за претстојниот меч со Челзи во 3.коло на Лигата на шампионите. „Росонерите“ влегуваат со скор од реми со Салцбург и победа над Динамо Загреб. Челзи ја бара првата победа, а лондончани го сменија Томас Тухел и го назначија Грем Потер кој треба да го врати тимот на победничките патеки.
Преку ваквите големи натпревари растеме како екипа. Тоа го гледам во односот на фудбалерите кои се свесни за предизвиците кои ги носи ЛШ и се повеќе ментално силни. Тоа што Челзи го смени тренерот е изненадување за нас, но исто така и ни ја отежни работата затоа што имавме само два меча за да го анализираме неговиот стил на игра и начинот на водење на екипата. Тој е модерен тренер, кој негува агресивен и динамичен фудбал.
Челзи има квалитетни фудбалери и се добро тактички подготвени и дефинитивно пред нас е тежок натпревар“, изјави Пиоли кој ги кажа разликите меѓу играњето во Италија и во европските купови.

Само две работи се различни, терените каде што играме кои ви дозволуваат да играте фудбал на високо ниво, и во однос на техниката и темпото, а второто е судењето. Во европските купови судиите помалку свират прекршоци, помалку ги заштитуваат играчите па затоа и интензитетот и темпото на игра е поразлично“, додаде тренерот на Милан.

ПретходноЗоран Кастратовиќ ќе го тренира првакот на Саудиска Арабија
Следно1/8 финале Куп: Струга ТЛ со пресврт го доби Работнички, Шкендија, А.Пандев, Шкупи и Вардар лесно до четвртфинале!